сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се појави биографија на Меган Маркл од нејзините актерски денови

Се појави биографија на Меган Маркл од нејзините актерски денови

Славните и неславни моменти од минатото е тешко да се сокријат, особено кога ќе станете војвотката од Сасекс и ќе се омажите за еден од англиските принцови.

Затоа биографијата на Меган привлече многу внимание и откри многу скриени таленти на сопругата на принцот Хари.

Американката, кога е пишувана биографијата имала 24 години. Во својата биографија таа открива дека е висока 167,5 сантиметри и тешка 51 килограм.

Наведува и дека течно говори шпански и француски јазик, додека англискиот го зборува со три нагласоци – јужначки, аргентински и француски. Знае балет и да степува, пренесува „The Sun“.

Интересен факт е дека војвотката од Сасекс е особено талентирана за кик-бокс.

Најнови вести