сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ПОЈАВИ ВО ИСТ ФУСТАН КАКО ЛАНИ – Кејт на роденденот на кралицата Елизабета блесна во парче облека која лесно е да го најде секоја девојка (ФОТО)

СЕ ПОЈАВИ ВО ИСТ ФУСТАН КАКО ЛАНИ – Кејт на роденденот на кралицата Елизабета блесна во парче облека која лесно е да го најде секоја девојка (ФОТО)

Таа одлучила да ја облече комбинација која ја носела претходното лето, а која сите може да ја сместите во вашиот ормар.

Во Велика Британија се одржува Роденденската парада, односно „Trooping of the colour“ церемонијата која е вториот датум на роденденот на кралицата Елизабета. Првиот наводно е на 21 април, но на овој настан се организира забава.

Оваа церемонија се одржува уште од 17-ти век, а ја изведува британската војска, но се смета дека сето ова било организирано одамна.

Секако настанот не може да помине без војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон која папарацо фотографите пред да седне во кочијата ја „уловиле“ како ги поздравува присутните.

Големо внимание привлекол нејзиниот стајлинг. Најмногу се коментира нејзиниот фустан-блејзер кој вреди околу 3.000 евра и кој го потпишува дизајнерската куќа Александар Меквин. Тоа што е интересно е тоа што фустанот одлично ја истакнал линијата на Кејт и оваа модна комбинација била навистина добитна.

Војвотката комбинацијата ја носела и минатото лето, но ова сега е знак дека војвотката навистина сака да ги носи истите модни парчиња повеќе пати. Исто така е познато дека Кејт го сака споменатиот бренд, па често бира да носи парчиња кои се потпишани од таа модна куќа.

Најнови вести