Американската раперка Карди Би (28) и раперот Офсет (29) добија син и сите ги омекнаа со семејна фотографија од породилиштето.
Карди се породи на 4 септември, а сега ја објави и првата фотографија од нејзиниот новороден наследник.
Раперката позираше во болнички кревет покриена со ќебе од Луј Витон, држејќи го во раце синот кого таа и нејзиниот сопруг го гледаат со многу љубов. Карди само ги стави датумот и емотиконот на синото срце во описот на фотографијата.
Името на детето се уште не е откриено, а Карди ја објави бременоста во јуни, додека деталите за раѓањето ги криеше од јавноста.
– Има нешто магично во бременоста, имам чувство дека започнувам ново поглавје во мојот живот – рече таа претходно во интервју за Пипл.