недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се породи најпознатата плус сајз манекенка: „Ни се сменија животите“

Се породи најпознатата плус сајз манекенка: „Ни се сменија животите“

Плус сајз моделот Ешли Греам и нејзиниот сопруг, режисерот Џастин Ервин, во саботата го добија својот прв син.

Претходните два дена тие уживаа со своето бебе во тајност, а потоа среќната вест ја објавија вчера на своите Instagram Stories.

Греам не откри други детали за раѓањето на нејзиниот син, дури ни името на бебето.

„Во сабота во 18 часот, нашите животи се сменија на подобро“, објави парот.

„Ви благодарам на сите за вашата љубов и поддршка во ова неверојатно време“, им се обрати Ешли на своите следбеници по низата честитки.

Греам е најпозната манекенка со плус сајз големина, и во текот на нејзината кариера ја истакна убавината на женското тело и докажа дека жените не треба да се срамат од нивниот изглед. Таа продолжи да го прави тоа и додека беше бремена, објавувајќи голи фотографии на своите профили на социјалните мрежи.

Најнови вести