четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЈАВНОСТА ?! Алек Болдвин не може да се носи со страшната трагедија – потполно е уништен

СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЈАВНОСТА ?! Алек Болдвин не може да се носи со страшната трагедија – потполно е уништен

Алек Болдвин (63) наводно ги откажува сите проекти на кои работи, бидејќи треба да се опорави од се што се случило, цитира „People“ близок извор на актерот.

– Сето ова му беше страшно тешко и психички го уништи. На овој начин и во минатото решаваше големи проблеми и мора да одвои време да го преживее сето она што се случуваше последните денови. Веројатно тој некое време целосно ќе се повлече од јавноста – им рече пријателот на Алек на новинарите.

– Сите знаат дека ова беше несреќа, но целосно го уништи. Со часови по несреќата бил хистеричен и апсолутно неутешен, тврди изворот.

Постојано протекуваат нови информации од сетот на филмот „Rust“.

Полициските документи поврзани со немилиот настан на снимањето на филмот наведуваат дека пиштолџијата Хана Гутиерез Рид оставила три пиштоли на сетот, кои требало да служат како реквизити, додека помошникот режисер Дејв Холс еден од нив му го предал на Алек, и не знаел дека е наполнет со вистински куршуми, меѓу другото.

„Ладен пиштол“, ѝ викал Холс на екипата додека започнувало снимањето, а тоа значело дека пиштолот е безбеден за пукање за потребите на снимањето.

Само неколку секунди после тоа, актерот испука вистински куршум од пиштол при што ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Дуза.

Да потсетиме, Болдвин по трагедијата на снимањето за прв пат се огласи на Твитер, велејќи дека соработува со полициската истрага и дека поради немилиот настан му е скршено срцето.

Најнови вести