Пејачот Алекса Перовиќ кој се прослави со учеството на „X Фактор“, а потоа победи и во „Ѕвездите на Гранд“, наскоро ќе стане татко на своето второ дете.
Имено, тој и неговата сопруга чекаат да им се роди втората ќерка.
На нивната среќа нема крај, а убавите вести Алекса ги сподели на социјалните мрежи ова лето, по што сега сподели и фотографија со неговата сопруга каде се гледа големиот нејзин труднички стомак.
-Празниците ни стигнуваат, напиша тој под семејната фотографија на која сите се облечени во пижами.