четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се распадна популарниот македонски бенд

Се распадна популарниот македонски бенд

Бендот “Дупер” молскавично се проби на македонската сцена со песната „Не сум твој тип”, а потоа продолжија да изненадуваат со хитовите „Тело за на ТВ” и „Ние сме 2”.

За кратко време, „Авалон продукција” застана зад нив и им понуди договор за соработка.

Но, дојде крајот. Вчера беше официјално познато дека бендот се распадна.

Авалон ја раскина соработката со нив, токму поради распаѓање на бендот. Останатите членови на составот, ја избркале тапанарката Мартина.

-Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци, пишува во објавата на Авалон, напишана од страна на Бобан Милошески, сопственик на “Авалон”.

Од групата информираат дека ќе продолжат да постојат, но со нов состав.

Најнови вести