Пејачката Милица Мајсторовиќ која се прослави по учеството на музичкото реално шоу „Операција Триумф“ ја круниса својата долгогодишна врска со своето момче.
Пејачката која едно време и се посвети и на глумата на социјалните мрежи сподели фотографии од венчавката и свршувачката.
Пејачката за српските медиуми неодамна изјави дека се повлекла од јавноста поради проблемите на почетокот на кариерата.
-Животот ме научи да молчам и да работам. Тоа се покажа како вистински и еве сум, тука сум. Овој пат онака како што јас од секогаш сум сакала. А тоа што беше во минатото, таму треба и да остане, изјави неодамна Мајсторовиќ.
Инаку за жал, Милица се чини не можеше да се понесе гордо со својот успех.
Без оглед на сите нагодувања дека Милица Мајсторовиќ се обиде да изврши самоубиство заради љубовни маки, магазинот „Story“ откри дека во прашање е нешто сосема друго.
Имено, како што се тврди во овој текст, Милица дигнала раце на себе заради неостварените амбиции во кариерата.
Тоа што, за жал, ја одбележа нејзината музичка кариера и период на најголема популарност, е нејзиниот обид за самоубиство во 2010-та година. Милица тогаш со комбинација на лекови, алкохол и дрога се обидела да си го одземе животот, за да два месеци подоцна колабирала од преголема доза на антидепресиви.