Актерката со турско и германско потекло Меријем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во „Величествениот“, со објава на својот Инстаграм профил се пофали дека има нов работен проект.
Актерката од утре отвора продавница за слатки во центарот на Берлин.
Како што објасни таа на својот Инстаграм профил, се надева дека ова ќе биде само една од планираната низа на продавници низ целиот свет.
– Ја отворам мојата прва „Нош-Нош“ продавница во Берлин, ќе се продаваат многу здрави и вегански слатки. Ова претставува само почеток од многу патувања и се надевам ќе се прошириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го креиравме ова место во кое сакаме да се чувствувате како да сте дома со слатки од најдобар квалитет“, напиша актерката.
-„Ќе се продаваат вегански чоколади, џемови, сладолед, маслиново масло, кафе, чај и многу други вкусни нешта, пиша преубавата црвенокоса Узерли.