Албанската пејачка Ера Истрефи доби голема чест од страна на организаторите на Светското првенство во фудбал кое од идниот месец ќе се одржува во Русија.
Младата 23 годишна Албанка ќе ја изведе официјалната химна на мундијалот заедно со Вил Смит и Ник Џем.
Химната се уште не е промовирана во јавноста и истата ќе излезе во петок.
Инаку Ера Истрефи се прослави со нејзината песна „Бон Бон“.