среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ: Сите поенти од интервјуто на Меган и Хари

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ: Сите поенти од интервјуто на Меган и Хари
“Oprah with Meghan and Harry: A CBS Primetime Special” - Pictured: Prince Harry and Meghan, The Duke and Duchess of Sussex with Oprah Winfrey. Featuring Oprah Winfrey as she sits down with Prince Harry and Meghan, The Duke and Duchess of Sussex, will be broadcast as a two-hour exclusive primetime special on Sunday, March 7 from 8:00-10:00 PM, ET/PT on the CBS Television Network. Photo Credit: Harpo Productions/ Photographer: Joe Pugliese.

Од откривање на полот на детето до тајно вечавање и расправии со останатите членови на кралското семејство. Принцот Хари и Меган Маркл шокираа многумина во интервјуто со Опра Винфри.

Во двочасовното интервју тие изнеле низа обинувања кон кралското семејство и на јавноста и понудија „валкана облека“. Ова се поентите од интервјуто на Мега и Хари.

Самоубиство

Меган Маркл изјави дека помислувала на самоубиство додека била активен член во кралското семејство.

-Едноставно не сакав веќе да бидам жртва. И тоа беше многу јасна, постојано, реална застрашувачка мисла, вели Меган.  Таа додала дека иако побарала помош од кралското семејство не е била пружена. И рекле дека сочувствуваат со неа, но не можат да направат ништо за да ја заштитат бидејќи не е вработена во институцијата.

Расизам

Меган тврди, Хари потврди дека додека била бремена со Арчи се довело во прашање која боја на кожата ќе ја има детето. Токму затоа, од страв кој го имал кралското семејство, на Арчи му е одземена титулата принц. Меган изјавила дека не е точно дека таа и Хари го барале тоа.

Расправа во војвотката од Кембиџ, Кејт Мидлтон

Меган ги демантирала поранешните медиумски натписи дека ја расплакала Кејт Мидлтон пред свадбата со Хари. Вели, се случило обратно, односно Кејт ја расплакала неа. Но, дека војвотката од Кембриџ се извинила.

Меган е „замолчувана“

-На сите околу мене, од моментот кога светот дозна дека со Хари се забавуваме, им рече кажано секогаш да викаат „без коментар“, изјавила Меган и додала дека во тоа време верувала дека кралското семејство ја заштитува.

-Дури кога се венчавме и ситуацијата почна да се влошува сфатив дека не само што не ме штитат, туку и не се подготвени да ја кажат вистината за да ме заштитат мене и мојот сопруг, додава таа.

Принцот Чарлс не разговара со синот

Принцот Хари изјавил дека неговиот татко, принцот Чарлс не разговара со него откако парот „дал оставка“ од својата функција во кралското семејство. Изјавил дека премногу ја почитува кралицата за да нешто ја излаже.

-Три пати разговарав со баба ми и два пати со татко ми пред да престане да ми се јавува. Тогаш ми рече се што имам да му пратам по пишан пат, изјавил Хари.

Принцот Хари не е финансиран од кралското семејство

Уште од 2020 година принцот хари не добива пари од Кенсингтонската палата. Поради тоа, како и поради потребата да плати лично обезбедување, парот се одлучил на бројни договори повеќе компании вклучително и Нетфликс. Единствено што му останало биле парите од неговата мајка, принцезата Дајана.

Тајна венчавка

Меган открила дека парот тајно се венчал три дена пред јавната церемонија која се одржа на 19 мај во 2018. Двајцата на интимна церемонија размениле заклетви.

Чекаат девојче

Парот откри дека ќекаат девојче. Хари истакнал дека бебето ќе се роди на лето.

-Да се добие момче, па девојче… што може човек уште да посака, имаме семејство, истакнал Хари.

Меган како затвореничка

Меган открила дека ретко кога смеела да ја напушти куќата бидејќи луѓето од „Фирмата“- термин кој се користи за кралското семејство, биле загрижени како „работите може да изгледаат.“

Хари се чувствувал како во замка

Опра го прашала Хари дали би ги напуштил кралските должности да не била Меган.

-Не, одговорил тој додавајќи дека претходно бил во замка на системот, но не знаел за тоа.

Кралицата е прекрасна

Меган изјавила дека кралицата секогаш била прекрасна и се присетила на нивното заедничко патување со воз кога Елизабета Втора и подарила бисерни обетки и ланче. Принцот Хари истакнал дека исто така има убав однос со својата баба.

Хари и Меган спасуваат пилиња 

Опра парот во интервјуирала во нивниот дом во Санта Барбара, во близина на кокошарник полн со пилиња кои парот ги спасил до блиска фарма.

Најнови вести