четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се сврши Кортни Кардашијан: Тревис ја запроси на плажа со огромен дијамантски прстен (ФОТО)

Се сврши Кортни Кардашијан: Тревис ја запроси на плажа со огромен дијамантски прстен (ФОТО)

За врската на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, тапанарот на групата „Blink 182“ се дозна во февруари оваа година, а сега музичарот ја запроси својата девојка.

Баркер клекнал пред хотелот „Роузвуд Мирамар бич“ опкружен со рози и свеќи, со што ја изненадил Кортни која со години во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ зборуваше дека никогаш нема да се омажи.

Тие со радосните вести се пофалија на социјалните мрежи.

Веднаш следуваа честитки, а Ким Кардашијан објави фотографии од пресрќениот пар на кој се гледа и огромниот дијамантски прстен.

Освен Ким, на нивната свршувачка присуствуваше и трета сестра Клои Кардашијан со нејзиниот партнер Тристан Томпсон.

Најнови вести