Познатата глумица Рене Зелвегер се сврши со своето момче, 10 години помладиот ТВ-водител Ант Анстед. Извор за „Сан“ (The Sun) вели дека двојката ги држи своите планови подалеку од очите на јавноста и дека не планираат „голема врева“ околу тоа.
Оскаровката и Ант (44) се во врска од 2021 година. Таа, наводно, им кажала на пријателите дека веќе ја планираат свадбата. Неименуваниот извор вели оти врската меѓу нив е „многу силна, дека тие се лудо заљубени“ и едвај чекаат да се венчаат.
Ѕвездата на филмот „Бриџит Џонс“ претходно беше в брак со кантри-ѕвездата Кени Чесни, со кого се разведе четири месеци по свадбата, во 2005 година. Претходно таа беше накратко свршена и со Џим Кери од 1999 до 2000 година. Беше поврзувана со глумецот Бредли Купер, по снимањето на нивниот филм „Случај 39“ во 2009 година.