Глумците Хоакин Феникс и Руни Мара, по три години врска, се свршија. Тој, наводно, ја запросил уште во мај, но тоа се дозна сега поради скапоцениот дијамантски прстен на нејзината рака.
Венчавката ќе биде на приватна свеченост и поканети ќе бидат само неколкумина пријатели и роднини.
Руни и Хоакин се запознаа 2013 година, на снимањето на филмот „Таа”, а стапија во врска во 2016 година, при снимањето на „Марија Магдалена”. Тој неколкупати правеше пауза од глумата, оти, како што самиот вели- му смета недостатокот на приватност и преголемото внимание од медиумите и обожавателите.
Глумецот 2005 година отиде и на програма за одвикнување од алкохол, и тоа по продукцијата биографскиот филм „Одење по работ”.