сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Се упати на гинеколог и порача „Ќе абортирам ако сум бремена“: Ја претепал српската пејачка, а таа му возвратила со шише во главата (ФОТО)

Се упати на гинеколог и порача „Ќе абортирам ако сум бремена“: Ја претепал српската пејачка, а таа му возвратила со шише во главата (ФОТО)

Српската пејачка и учесничка во реалното шоу „Задруга“ Надежда Бијиќ денеска беше претепана од своето момче, манекенот Тома Паниќ.

Таа по физичката пресметка се упатила во болница каде била и на гинеколог за да провери дали е бремена.

Резултатите покажале дека таа не е бремена од него, но пејачката и во минатото велеше дека ќе абортира доколку е бремена од него.

Во меѓувреме се огласи и нејзиното момче кое преку Инстаграм и порача дека и тој извадил лекарско уверение откако таа го удрила со стаклено шише.

„Исцрпен сум, само да кажам да не ме чекаат новинарите бидејќи веќе си заминав (морав ова да го кажам бидејќи луѓето чекаат цел ден), а исцрпен сум од ударите со стаклено шише која е скршена од мојата глава и за малку ќе искрварев, наскоро и лекарско уверение.“

По ова се огласи и пејачката која напиша:

Само ме интересира дали сеќавањето го загубил пред или после шишето. Нека го даде лекарскиот наод, од бес ја скрши мојата стаклена чаша која очигледно се одбила од ѕид од силината на „машкиот“ удар, па вели дека на ништо не се сеќава. Епа шмекеру чекам докази, а моите кога ќе ги добиеш на суд ќе видиме кој е алкохоличар и искомплексиран мајмун. Биди прав маж, а не девојче кое плаче за три капки крв, напиша пејачката.

Најнови вести