По помалку од една година заедно, реалити ѕвездата и музичарот се верија.
Кортни Кардашијан (42) и Тревис Баркер (45) тапанарот на бендот Blink 182, се вериле во неделата во хотел во Калифорнија, а Кортни фотографиите од прославата ги споделила на социјалната мрежа Инстаграм.
Овој брак на реалити ѕвездата ќе ѝ биде прв, додека пак на Тревис трет.
Тревис ја запросил Кортни во романтично опкружување, во вистинско „море“ од ружи во облик на срце поставени на крајбрежјето, а сето тоа се случило во текот на зајдисонцето, присуствувале и членови на нивните семејства.
„Кортни беше изненадена, не го очекуваше тоа. Тревис ја одведе на плажа каде ја намести сценографијата. Кортни беше насмеана од уво до уво, а семејствата сето тоа го гледаа“, изјавил извор за „E!magazine“.
На веридбата присуствувале Клои, Кајли и Кендал Џенер, како и Крис Џенер, Тристан Томпсон, но и децата на Тревис од претходниот брак, Лондон, Алабама и Атија.
Сите биле воодушевени од избраничката на нивниот татко.
Но, сепак луѓето на социјалните мрежи коментирале:
„Каков лош ден за Скот! Ја запросуваше приближно 600 пати и секој пат го одби“.
Инаку, Кортни и Скот почнаа да се забавуваат во 2006 година, а заедно со нивните раскинувања биле пар речиси една деценија.
Раскинале во 2015 година по многу интриги и неверства, но Скот постојано нагласувал дека „секогаш ќе ја чека само Кортни“.