Пејачката и победничка на првата сезона на реалното шоу „Задруга“, Кија Коцкар им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со нова тетоважа, со која си ја украси интимата на своето тело.
Имено, ова не е и прва тетоважа на телото на Киа, но дефинитивно е најмалку очекувана.
Кија истетовира популарна реплика од серијата „Пријатели“, чиј жесток обожавател е.
Патем, додека ја тетовираа, Кија се вклучи и во живо на Инстаграм, каде следеа најразлични коментари, а некои следбеници забележаа дека „нешто и ѕирка“ од гаќичките.
А тие беа доволно спуштени за убаво да се види дека пејачката има совршена кожа, мека и мазна, без ниту едно влакненце во пределот на „долината на желбите“… Првокласна тасма!
„Моо point“, гласи новата тетоважа на телото на Киа испишана помеѓу колковите и венериниот брег.
Од споделените фото докази многумина се воодушевени, како и од нејзината идеја да бира на кое место ќе се тетовира.