недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се засакаа кога таа беше малолетна: Дознајте која е убавата Александра, сопругата на Немања Матиќ (ФОТО)

Се засакаа кога таа беше малолетна: Дознајте која е убавата Александра, сопругата на Немања Матиќ (ФОТО)

Српскиот фудбалер Немања Матиќ во 2009-та година ја запозна жената на неговиот живот Александра Матиќ, која тогаш беше средношколка.

Сосема случајно се запознале кога Александра, тогаш Павиќ, имала 17 години.

-Секако, не се смувавме првиот пат кога излеговме. Тој мораше да се врати во Словачка, а јас останав таму. По неговото враќање, пак излеговме и потоа ме замоли да му бидам девојка… Тогаш почна нашата бајка,  изјави своевремено денешната госпоѓа Матиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AleksandraNFTA (@maticaleksandra)

Една година подоцна, имаше предлог што се случи на многу необичен начин. Во 2010 година, Матиќ преку дневен весник ја прашал својата девојка дали сака да го помине целиот свој живот со него.

Неколку месеци подоцна, во летото 2010 година, во главниот град на Англија се одржа свадбена церемонија на која беа присутни најблиските членови на семејствата Матиќ и Павиќ, како и пријателите на младенците.

Веднаш по венчавката, двојката заминала на меден месец на Малдиви, а набрзо по враќањето дознале дека за неколку месеци ќе бидат тројца.

Александра го роди синот Филип, три години подоцна и ќерката Теа, двајцата во Србија, бидејќи тоа било нејзина желба и желба на Немања. Во меѓувреме поминаа една година заеднички живот во Холандија и три во Лисабон, каде Немања играше за Витесе и Бенфика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AleksandraNFTA (@maticaleksandra)

За време додека неговата сопруга Александра мораше да остане во Лисабон поради професионалните обврски, таа откри дека има неверојатен талент за мода. Почна да дизајнира омилени женски парчиња, а на модната недела во Лисабон таа и Немања се појавија како модели и ја воодушевија публиката. Својот талент продолжила да го развива во Велика Британија, прво во Лондон, а потоа во Манчестер.

-Понекогаш и завидувам на неа, на синот Филип и ќерката Теа за трпението и љубовта што ја имаат за сите мои обврски, патувања, победи и порази. До нив сум многу среќен човек, изјави Немања во едно интервју, а потоа Александра забележа:

-Немања воопшто не е променет. Знам дека многумина ќе речат дека го идеализирам, но верувајте, тој останува стариот, цврсто стои на земја, вели Александра која многумина ја сметаат за најубава сопруга на фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AleksandraNFTA (@maticaleksandra)

Од друга страна, Александра е посветена мајка и огромен поддржувач на нејзиниот сопруг. Во придружба на децата од трибините го следи секој фудбалски натпревар на кој игра Немања, а и двајцата се трудат секој слободен момент да го поминат со синот и ќерката. Фудбалерот Немања Матиќ моментално настапува за фудбалскиот клуб Рома во Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Matic (@nemanjamatic)

Најнови вести