среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се збогува од местото каде ја запознал сопругата Амал: Џорџ Клуни го продава имотот на езерото Комо за неверојатни 100 милиони евра

Се збогува од местото каде ја запознал сопругата Амал: Џорџ Клуни го продава имотот на езерото Комо за неверојатни 100 милиони евра

Џорџ Клуни со години со задоволство ги поминувал своите одмори во вилата Олеандер, но сега одлучил да го продаде својот луксузен имот.

Без оглед на тоа што со години тоа била неговата оаза, па дури и летово го поминал таму со своите деца, близнаците Александар и Ела и сопругата Амал, сепак актерот Џорџ Клуни одлучил да го продаде својот имот на езерото Комо.

Семејството Клуни веќе одредено време престојува во Италија, па директно од Комо допатувале во Венеција, каде своевремено се венчале и каде папарацо фотографите со денови ги следеле.

Како што изјавил извор близок до актерот за „Page Six“, Клуни го продава имотот на езерото Комо на кое се наоѓаат вилите Олеандер и Маргерита, како и уште две куќи.

Цената која ја бара е вистинска „ситница“ – 107 милиони долари, односно 100 милиони евра.

Исто така се наведува дека Клуни прилично тајно сака да ја направи продажбата, па сигурно нема да може да најдеме оглас на било која страница за продавање на оваа недвижнина.

Актерот го поседува ова свое „царство“, како што го нарекле пред да се ожени со Амал, од 2002 година кога ја купил вилата за 10 милиони евра.

Медиумите своевремено пишувале дека токму во Олеандер, Клуни ја запознал својата сопруга, адвокатката Амал Аламудин, пред 9 години.

„Еден пријател ми рече дека се наоѓа во близина на вилата, но дека е со пријателка, па ме праша дали може да ја доведе и неа, па така ја запознав својата идна сопруга – не морав да излезам од дома за да го направам тоа“, изјавил Клуни.

Најнови вести