недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се зборуваше дека е премногу убава за поранешниот сопруг, а сега ја поврзуваат со „дежурното момче на Холивуд“: Листата на неговите познати девојки е импозантна

Се зборуваше дека е премногу убава за поранешниот сопруг, а сега ја поврзуваат со „дежурното момче на Холивуд“: Листата на неговите познати девојки е импозантна

Можеби Холивуд доби нов пар – во последниот период се зборува дека Емили Ратајковски е повторно заљубена и овојпат не станува збор за Бред Пит.

Фановите на манекенката се убедени дека Ратајковски е во врска со Пит Дејвидсон, пишува „Mirror“. Двајцата биле видени заедно во Бруклин, а извор рекол дека изгледале многу блиски.

Гласините се проширија и на социјалните мрежи, каде многумина коментираат дека Емили и Пит би биле одличен пар.

Дејвидсон пред неколку месеци ја раскина врската со Ким Кардашијан, а неодамна се пишуваше и дека постојат големи шанси да биде во врска со манекенката Жизел Бундшен. Зад себе има романси со Кејт Бекинсејл, Каја Гербер и Аријана Гранде, а со текот на времето стекна репутација на „дежурно момче на Холивуд“ бидејќи откако некоја врска или брак се распадне или се зборува за нова љубов на некоја позната личност, веднаш се споменува неговото име.

Емили пред 4 месеци се разведе од Себастијан Бер Меклард со кој беше 4 години во брак, а се зборуваше дека манекенката е премногу убава за својот сопруг. Неодамна медиумите пишуваа дека Емили е во врска со диџејот Оразио Риспо откако двајцата беа фотографирани како се бакнуваат на улиците на Њујорк. Таа во меѓувреме навести дека ја привлекуваат и жени и мажи и ги негираше наводите дека има нешто помеѓу неа и Бред Пит.

Најнови вести