сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Седум години од смртта на Дејвид Боуви

Седум години од смртта на Дејвид Боуви

На 10 јануари во 2016 година, на 69 години почина популарниот британски пејач и актер Дејвид Боуви.

Околу еден месец пред смртта тој го издаде својот нов сингл „Blackstar“. Тој беше музички активен цели пет децении и бил склон кон менување на музичкиот стил и имиџот.

Првата песна со која се прославил Боуви бил синглот „Space Oddity“ од 1969 година, која поради симнувањето на Месечината имаше голем успех.

Најзначаен албум на Дејвид бил „The rise and the fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“.

Боуви останал активен до последниот ден. Покрај музиката, се занимаваше со глума, една од неговите највпечатливи улоги е ликот на Никола Тесла, кој го играл во филмот „Престиж“ на познатиот режисер Кристофер Нолан.

Најнови вести