Сите што ја гледаа серијата „Сексот и градот“ и навиваа Кери и Ѕверот да останат заедно, ќе бидат среќни кога ќе слушнат дека Крис Нот, познат по ликот на „Ѕверката“, се појавува и во новата сезона на серијата .
Иако првата информација беше дека шеесет и шестгодишниот актер нема да биде дел од славниот тим, ХБО потврди дека Зверка сепак ќе биде со Кери Бредшо во нови епизоди.
View this post on Instagram
Нот потпиша договор, поради што продуцентите се презадоволни, а снимањето ќе започне ова лето.
– Пресреќен сум затоа што Нот ќе учествува во снимањето на нови епизоди од серијата. Како можевме да направиме ново поглавје на „Сексот и градот“ без Ѕверот – изјави продуцентот Мајкл Патрик Кинг.
Сепак, сè уште е непознато дали актерот ќе биде дел од целата сезона или само одделни епизоди. Да потсетиме, Ким Катрал, која ја толкува Саманта, нема да се најде во нова реализација, бидејќи, како што пишуваат странските медиуми, таа има лоши односи со своите колеги, главните хероини на „Сексот и градот“.