вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕИР: „Фантастична“ средба на Иванка, сака ли Борис да стане Трамп? (ФОТО)

СЕИР: „Фантастична“ средба на Иванка, сака ли Борис да стане Трамп? (ФОТО)

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон се пофали дека остварил „фантастична“ средба со Иванка Трамп, барем била таква додека не ја објавил фотографијата на Твитер. Многумина ги потсетува на таткото на Иванка, Доналд Трамп, а некои го обвинуваат дека намерно сака да изгледа како американскиот претседател.

Осен што физички наликува на Доналд Трапм, Џонсон го користи и заштитниот знак на Трамп – кренат палец.

„Имав фантастично попладне во Белата куќа, видов цел спектар на соработка меѓу Обединетото Кралство и Соединиетите Американски Држави и разговарав по потпретседателот Пенс, Иванка и Џаред Кушнер за се – од кризата во Сирија до потребите за глобално засилување на жените“, напишал Џонсон.

Откако Иванка ја споделила нивната заедничка фотографија, почнал сеирот.

„Ова изгледа како Иванка да позира со имитатор на татко ѝ“, „Таа вратоврска, тој палец, Иванка. Сака ли Борис да стане Трамп?“, „Морничава верзија на тато“, „Е*ате, дури и палецот го кренал“, се некои од коментарите.

Најнови вести