Иако е во шестиот месец од бременоста пејачката Сека Алексиќ вчера имаше свој настап во ноќен клуб во Белград, а како што неодамна изјави за медиумите ќе настапува се додека се чувствува добро.
За овој специјален настап таа имаше облечено црн тесен фустан со длабоко деколте кое ги собра сите погледи во преполната дискотека, но истото се случи и на нејзиниот Инстаграм профил.
Сека споделувајќи фотографии во овој секси тесен фустан го истакна трудничкото стомаче, но најмногу она што ги привлече фановите беа нејзините џиновски гради полни со млеко кои ги истакна во длабоко деколте.
Коментарите беа само позитивни и дека таа никогаш не изгледала подобро од моментите кога е бремена.