Денеска се одбележуваат девет години од смртта на Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“.
Душан почина на 23 септември 2013 година во Клиничкиот центар во Скопје.
Дуле, заедно со својот другар Коки, обајцата штипјани, уште во студентските денови формираа дуо и нивните весели песни брзо ја освоија јавноста.
Со победата на Макфест во 1996 година со песната „Виолина и гитара“, дуото Дуле и Коки стана препознатливо, а следуваа успешни години на настапи, нови хитови и живи свирки во многу кафулиња низ Македонија, кои се полнеа до последното место.