четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

СЕЌАВАЊЕ: Осум години од смртта на Ацо Конга

СЕЌАВАЊЕ: Осум години од смртта на Ацо Конга

Денеска се одбележуваат осум години од смртта на македонскиот музичар Ацо Конга.

Ацо Богдановски (роден 1960) почина на 23 декември 2013 година по долгата битка со тешка битка со карциномот.

Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнал да удира на конги.

Бил дел од бендот „Нокаут“ формиран во 1997 година, на два албумa „Нокаут“ (1997) и „До последен здив“ (2001) каде се големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“…

Негова страст беа конгите, по што го доби и својот прекар.

Најнови вести