Ако летово се пишуваше и зборуваше за некоја жена во странските медиуми, тоа беше Арабела Чи.
Оваа русокоса убавица е англиски инфлуенсер, модел и ријалити ѕвезда, а славата ја стекна во популарно реално шоу.
Тоа што ја стави во центарот на вниманието на јавноста е фактот што летово се забавуваше со Леонардо Ди Каприо на неговата јахта на Ибица.
View this post on Instagram
Ретко кој не го забележал оваа заводничка.
Имено, Арабела и Лео се запознале преку неговиот близок пријател Ричи Акива, кој го нарекуваат и „крал на ноќните клубови“.
Ричи и убавицата претходно се снимени како делат сочни бакнежи и се верува дека имаат афера, но ниту еден од нив не потврди дали се работи за нешто сериозно или само е минлива романса.
View this post on Instagram
Како и да е, благодарение на тоа што голем дел од летото го помина уживајќи на јахтата на Лео, папарацо фотографиите од нејзината фигура во бикини го обиколија светот.