сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕКОЈА НЕЈЗИНА ПЕСНА ЈА ОБОЖАВАВМЕ – првата пејачка на „Магазин“ со македонско потекло се отсели во Америка, еве како изгледа денес!

СЕКОЈА НЕЈЗИНА ПЕСНА ЈА ОБОЖАВАВМЕ – првата пејачка на „Магазин“ со македонско потекло се отсели во Америка, еве како изгледа денес!

Лилjана Николовска (57) е прва и веројатно најпопуларна пејачка на групата Магазин.

Иако е родена во Хрватска, нејзините родители Вера и Боро се со македонско потекло. Пејачката во „Магазин“ беше во периодот од 1983 до 1990 година. Заедно снимија вкупно седум албуми, а песните од нејзиниот настап се појавија и на бројни компилациони албуми.

Jиjана ја напушти Југославија во раните 90-ти и сè уште живее во калифорнискиот град Сан Педро.

Во 1996 година, таа го сними својот деби соло албум “Let” за Кроација рекордс.

За деновите кога отиде во „белиот свет“ таа вели:
– Дури и кога заминав, куферите ми беа спакувани првите три години, подготвени да се вратам дома, но поради околности најдов бенд што ми се допаѓа, сопруг, станав мајка …

Среќна e и задоволна на која што ништо не и недостасува. Кога ќе се сети на периодот во „Магазин“ , таа гледа позитивно на тоа: „Ми недостасува публиката и луѓето со кои што работев!“. Таа води тивок, спокоен живот, има голема градина, животни.

Фановите на „Магазин“ ја паметат по песните „Тамара“, „Коколо“, „Пиши ми“, „Ти си жеља мог живота“, „Три сам ти зиме шаптала име“ и многу други.

 

Најнови вести