Жељко Самарџиќ долго време ужива голема популарност и неговите песни со задоволство се слушаат.
Тој има многу хитови, а неодамна откри еден детаљ кој изненади многумина. Имено, тој истакна дека избегнувал да ја изведува „Кафанска пејачка“ на настапи, убеден дека не одговара на приликата.
-Дури избегнував да ја пеам „Кафанска пејачка“ на концерти некое време, бидејќи мислев дека не е за тој амбиент, но кога сфатив колку е популарна таа песна, сфатив дека грешам со одлуката. Не се срамам од тоа што го направив, можеби ми е дар од Бога што можам да пеам во разни жанрови, потребно е искуство за сето тоа, искрен беше Самарџиќ.