сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Секоја жена која се мачи со вишокот на килограми мора да го има фустанот на Кејт Мидлтон во орманот – ќе изгледате неколку килограми помалку

Секоја жена која се мачи со вишокот на килограми мора да го има фустанот на Кејт Мидлтон во орманот – ќе изгледате неколку килограми помалку

Кејт Мидлтон добро знае што ѝ ласка на нејзината фигура, па затоа никогаш не греши кога станува збор за модните комбинации. Таа со години е верна на својот стил и миди фустаните со А-крој.

По којзнае кој пат, војвотката од Кембриџ успеа да ги воодушеви модните критичари и повторно заслужи чиста 10-ка!

Овојпат Мидлтон била во посета на Универзитетот во Лондон, а за таа прилика избрала сив кариран фустан кој го искомбинирала со салонки во истата нијанса.

Волуменозните ракави и интересниот детаљ околу вратот ѝ дале романтична и елегантна нота на целата комбинација.

Во овој крој секоја жена изгледа повитко, а модните експерти тврдат дека тој е најдобар избор за жените со пошироки колкови. Ваквиот фустан можете да го носите и во полежерни прилики, во комбинација со ниски чизми или балетанки.

Најнови вести