Само ден по новата година англиските медиуми не издржаа и ја пренесоа веста која го потресе островот.
Имено фудбалерот Џеси Лингард ја изневерувал својата девојка Џени Фрумес со која се во врска веќе една година.
Англиските медиуми наведуваат дека тој ја изневерил својата девојка со самохрана мајка, а покрај тоа тие откриваат и дека освен тој во луксузната вила на фудбалерот бил и Маркус Рашфорд и уште еден непознат лик.
Тие играле различни забавни игри па ја започнале акцијата веднаш штом си заминале гостите.
По авантурата таа заминала со такси на аеродромот и одлетала за Лос Анџелес каде и живее, а сето ова медиумите пишуваат дека се случило на ден пред роденденот на фудбалерот.