И двете дами се познати по својата убави и неверојатна харизма, а мажите ширум светот ги обожаваат.
Шоуто кое го организираше Мејбилин во Берлин дополнително го “зачинија“ двете познати дами, Адриана Лима и пејачката Никол Шерзингер.
И додека 40 годишната Никол беше задолжена за добра музика, 31 годишната Адриана, која во декември се прости од Ангелите на Викторија, продефилира на модната писта прикажувајќи ја зимската колекција на познатите брендови.
Нема сомнеж дека Никол и Адриана беа ѕвезди на вечерта и го направија ова шоу специјално.
Инаку, Никол е и понатаму во врска со тенисерот Григор Димитров. Заедно се од 2016 година, а пејачката летоска наполни 40 години. За годините изјави:
„Не смеам ни да мислам за бројот, не смеам ни да го изговорам. И понатаму се чувствувам како да имам 27 години, така да оваа бројка од 40 ми делува лудо. Тоа е причината зошто толку работам, за да останам во кондиција“ – изјавила пејачката.