Селин Дион седеше во првиот ред на ревијата на високата мода на Александар Воте. На модното шоу во Париз, 50-годишната музичка дива се појави во црн фустан со отвор на деколтето и висок шлиц.
Популарната музичарка се појави заедно со Пепе Муноз. 34-годишниот танчар извесно време работи за Дион, а од пред неколку месеци ја придружува речиси насекаде, па кружат шпекулации дека станува збор за нешто повеќе од пријателство.
Пепе го поместуваше нејзиното отворено деколте, а најзабележан остана фустанот со навистина висок шлиц.