недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Селма од познатата песна на Бјело дугме има 90 години и еве како живее

Селма од познатата песна на Бјело дугме има 90 години и еве како живее

Бијело дугме имаат бројни хитови, но имаат и една романтична љубовна приказна – песната „Селма“ која ја напишал Владо Дијак и ја посветил на поранешната симпатија Селма Бориќ, девојката во која потајно бил вљубен. Селма денес има 90 години и живее во Загреб.

Во едно ТВ-гостување открила дека Владо го запознала во далечната 1949 кога имала 19 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek)

Селма е родум од Зеница, но во гимназија одела во Сараево. Често за викендите патувала дома со воз, а токму на едно од нив и го сретнала Владо, кој се понудил да и го понесе малото, црвено куферче до железничката станица. Ја испратил до возот, а прозорецот до кој седнала бил скршен, па тој и дофрил: „Селма не наведнувај се низ прозорецот.“ После таа средба тој ја напишал песната, што подоцна ја отпеал Жељко Бебек.

Никој не и верувал дека токму таа е онаа Селма од песната, која прв пат ја слушала во изведба на Бијело дугме во 1975 на концерт во салата „Ватрослав Лисински“.

Влада никогаш конкретно не и изјавил љубов, само воодушевено ја гледал, се разделиле, а никогаш ниту се бакнале.

Селма открила дека денес е мошне осамена.

„Самувам како и секоја старица. Ретко патувам. Неодамна ми почина сестрата, и се помалку има од луѓето со кои го поминав животот“, раскажала пред неколку месеци во интервју за портал од Бања Лука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek)

Најнови вести