Познатата мексиканска актерка Селма Хаек присуствуваше на премиерата на филмот Eternals, а на црвениот килим одлучила да ја понесе и својата ќерка Валентина Палома Пино.
На црвениот килим во Лос Анџелес, славната Мексиканка се појавила во елегантен црн фустан до подот, чија монотонија ја разбила жолтата постава, а целиот стајлинг го заокружила со вртоглави металик чевли во златна боја.
Сепак, она што привлекло најголемо внимание е деколтето на Селма.
Иако ова е еден од вообичаените стајлинзи на Селма Хаек, многумина сметаат дека нејзиното деколте е дегутантно и не ѝ веруваат кога тврди дека градите ѝ се 100% природни.
Многумина коментирале и дека Селма требало да се облече попристојно за да може малку внимание да украде и ќерка ѝ Валентина Палома (14), која ја добила во бракот со сопругот Франсоа Анри Пино, француски бизнисмен, со кого се венчала во 2009 година.