По долго боледување почина ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ. Тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.
-Со неизмерна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Беше мој скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, големиот музички талент, хуморот…ни го правеа животот среќен, преполн со љубов…Тешката болест ни се закануваше, но заедно ја надминувавме… Овојпат беше посилна, не успеавме сонце мое, и драгиот Бог те зеде во своите прегратки кон небесата, ѕвездите, а на твојата неутешна мајка ѝ остави најдлабока тага… Твоето стотици пати повторено „мамо, те сакам“ ќе одѕвонува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, моја најмила Иви, напиша неутешната пејачка.