Вдовицата на легендарниот Шабан Шаулиќ, Гордана и нејзините деца, наводно, се соочуваат со проблем кој не знаат како да го решат.
Според српските медиуми, се појавил гастарбајтер од Германија кој има план да изгради хотелски комплекс и тоа токму на местото каде што се наоѓа познатата викенд куќа на покојниот пејач.
Според изворите на медиумите, тој човек е подготвен на сè, па во голема мера ги убедува соседите на покојниот Шабан да му ги продадат своите парцели за да ја реализира неговата идеја и на крајот планира да ја убеди и Гоца.
-Знам дека Гоца нема да ја даде таа куќа бидејќи тоа е најубавиот спомен на покојниот Шабан покрај песните што ги остави. Тој гастарбајтер се занесе малку повеќе, тој смета дека Гоца е “тиква без корени“, но тоа нема да му помине. Ништо не може да се направи со сила или преку уцена. Сега, локалното население во Крчедин се исплашило затоа што тој им се заканувал и ги уценувал, па затоа попуштиле малку под притисок, но сигурен сум дека Гордана нема да дозволи да се уништи рајот на Шабан на Дунав, заклучува изворот.