Семејството на Брус Вилис кон крајот на март минатата година потврди дека актерот боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности.
Сега се огласи неговата поранешна сопруга Деми Мур и ја откри моменталната состојба на актерот.
– Најпрво сакаме да ја изразиме нашата најдлабока благодарност за неверојатната љубов, поддршка и убави зборови што сите ги добивме откако ја споделивме дијагнозата на Брус. Во тој дух, сакавме да ви дадеме ажурирање за нашиот сакан сопруг, татко и пријател, бидејќи сега имаме подлабоко разбирање низ што поминува. Откако ја објавивме дијагнозата на афазија на Брус во пролетта 2022 година, неговата состојба се влошуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD)“, напиша Деми.
Додава дека за жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се соочува Брус.
-Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза. ФТД е сурова болест за која многумина од нас никогаш не слушнале, а може да заболи секого. За луѓето помлади од 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција, и бидејќи дијагнозата може да трае со години, ФТД е веројатно пораспространета отколку што знаеме. Денес нема лекови за оваа болест, која е реалност која се надеваме дека ќе се промени во годините што доаѓаат. Како што се менува состојбата на Брус, се надеваме дека целото медиумско внимание може да се насочи кон расветлување на оваа болест која бара многу поголема свест и истражување.
– Брус секогаш наоѓаше радост во животот – и им помагаше на сите што ги знаеше да го направат истото. Многу значи да се види како тоа чувство на грижа се враќа кај него и кај сите нас. Толку сме трогнати од љубовта што сите ја упативте кон нашиот драг сопруг, татко и пријател во ова тешко време. Вашето континуирано сочувство, разбирање и почит може да ни овозможи да му помогнеме на Брус да живее што е можно поцелосно – заклучи семејството на актерот.