четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Семјуел Л. Џексон „лајкнувал“ хардкор-порно на Твитер

Семјуел Л. Џексон „лајкнувал“ хардкор-порно на Твитер

Американскиот глумец Семјуел Л. Џексон е „актуелен“ на Твитер деновиве, откако завчера го фатија како стиснувал „допаѓања“ на содржини со хардкор-порнографија на неговиот профил.

Инаку, тој пред два дена го прослави и својот 74. роденден. Но, наместо со честитки, неговиот Твитер-профил беше преплавен со предупредувања дека неговите „лајкови“ се јавни. Инаку, холивудската жива легенда има 9,1 милион следачи на Твитер.

„@SamuelLJackson, здраво пријателе, да знаеш дека твоите ‘допаѓања’ се јавни и секој може да ги види“, „Можеме да ги видиме твоите ‘лајкови’, тие се јавни, голем брате“, „@SamuelLJackson, ‘допаѓањата’ се јавни!!! Семјуел!!“ – предупредуваа обожавателите.

Конечно, Џексон наскоро ги отстрани сите допаѓања од „спорните“ објави.

Некои пак, се потсетија и на постаро интервју со Семјуел каде што тој изјавил дека е обожавател на јапонско „аниме“ и „манга“ порно. Сепак, се чини, мнозинството го бранеа глумецот, сметајќи дека тој не направил ништо лошо.

Најнови вести