среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Серена Вилијамс прва гостинка во емисијата на Меган Маркл

Серена Вилијамс прва гостинка во емисијата на Меган Маркл

Поранешната американска глумица Меган Маркл, сопруга на британскиот принц Хари, вчера ја почна својата интернет-емисија во којашто ќе ги разоткрива клишеата за жените, како што се најавува. Нејзина прва гостинка беше тениската ѕвезда Серена Вилијамс.

Најавените 12 епизоди од „Архетипи“ – име што потсетува на името на нејзиниот син Арчи, ќе бидат полни „интимни и искрени“ разговори меѓу восителката и нејзините гости. Ова се наведува во претставувањето на емисијата на мобилната апликација Спотифај.

Во првата епизода, Маркл и Вилијамс, инаку пријателки од Лос Анџелес, зборуваат, меѓу другото, за амбицијата и различните значења што зборот може да ги има кога се однесува на жената.

– Не се ни сеќавам дека лично ја почувствував негативната конотација на зборот „амбициозни“ додека не почнав да излегувам со мојот сопруг (принцот Хари, б.н.). И очигледно, според некои, амбицијата е ужасна работа – барем кога се однесува на жените, вели Меган.

На почетокот на август, Вилијамс објави дека ќе се повлече од теренот по 25 години и 23 „Грен слем“ титули. Таа рече дека сака „да се сосредоточи на тоа да биде мајка“ и на нејзините духовни цели.

Принцот Хари и се откажаа од кралскиот живот во Велика Британија во 2020 година и се преселиле во Калифорнија, каде што сега живеат со своите две деца. По пристигнувањето во САД, тие создадоа неколку соработки, вклучително и профитабилни партнерства со Нетфликс и Спотифај. Се очекува принцот Хари да ги објави своите мемоари до крајот на годината.

Најнови вести