Откако вчера во српските медиуми се појавија информации во врска со девојката на синот на пејачката со македонско потекло Гоца Божиновска, денеска се огласи и самата пејачка.
Имено вчера во јавноста се појавија гласини дека сестрата на Богдана Родиќ, Бојана Родиќ е бремена од Мирко Шијан, син на пејачката Гоца Божиновска.
Гласините се проширија откако на приватна забава сестрата на Бојана и Богдана Наташа се приклучила лајв на Инстаграм по што го запрашала Мирко за што слават, а тој додал дека за бременоста на својата девојка.
По ова српски „Телеграф“ ја контактирале пејачката која открила дека информацијата не е точна.
-Ма каква бременост, тоа не е точно. Децата просто се сакаат само, но уште им е рано за такво нешто, уживаат во љубовта и се забавуваат. Еве баш вчера правеа журка и Бојана се капеше во базен најнормално. Да тоа е убава и радосна вест, но тие се уште не работат на тоа прашање, вели пејачката.
Таа вели дека веќе ја запознала и мајката на Бојана која е слатка и добра жена.
-Немам зборови за неа, таа толку многу го сака Мирко дури и вчера кога доаѓаа накај нас му го пратила најомиленото јадење. Тие двајца се толку многу заљубени што немам зборови, додава Божиновска.