На новите гробишта во Белград вчера беше погребан композиторот Корнелие Ковач, а на погребот беа и неговите три ќерки Александра, Ања и Кристина, а многу обожаватели на големиот уметник забележаа дека првите две сестри не се ни поздравија со третата.
Кристина Ковач синоќа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и на сите им покажа како се чувствува:
-Ова грдо пајче/црна овца само сака овој, секаков освен Златен ден, да заврши, напишала пејачката покрај сликата од црната овца.
View this post on Instagram
Следбениците ова го протолкуваа како таа да е „црната овца на семејството“, па затоа ја смируваа во коментарите.
Да потсетиме, конфликтот меѓу Кристина и Александра Ковач датира од пред 8 години, кога помладата сестра јавно се одрече од постарата на Фејсбук, поради што сите го коментираа нивното однесување во капелата и за време на погребот.
Каква и да е причината за нивните лоши односи, барем на таков ден кога го погребуваа нивниот татко, можеа да се однесуваат нормално.