сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сето ова го заслужи: Ова е вилата на Ѓоковиќ која била ограбена, крадците буквално се изгубиле во огромното здание со дури осум бањи (ВИДЕО)

Сето ова го заслужи: Ова е вилата на Ѓоковиќ која била ограбена, крадците буквално се изгубиле во огромното здание со дури осум бањи (ВИДЕО)

Меѓу дури 22- те куќи што биле ограбени во иста вечер во Марбела, Шпанија, била и вилата на Новак Ѓоковиќ, вредна 6,4 милиони евра.

Според српскиот портал Меридијан, кражбите се случиле на 23 август, а од куќата на Новак биле украдени пари, накит и скапи часовници.

Таа ноќ биле ограбени куќите на некои фудбалери и кошаркари на Марбела, како и актуелната шпанска репрезентација. Полицијата брзо спровела истрага.

Ѓоковиќ тогаш бил во Њујорк на УС Опен.

По 10 години поминати во Монте Карло, тенисерот се преселил со своето семејство во вилата во Марбела, која претходно ја изнајмувал, а потоа одлучил да ја купи.

Вилата се наоѓа на имот од 3500 метри квадратни, има тениско игралиште, градина, базен, теретана, мало кино … Вилата има девет соби и осум бањи, а првите денови од епидемијата Ѓоковиќ во март минатата година година ги минуваше таму заедно со семејството.

Најнови вести