среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина денеска слави роденден – се пофали со двата подарока кои ги доби, но сите се прашуваат со кого замина на овој рајски остров (ФОТО)

Северина денеска слави роденден – се пофали со двата подарока кои ги доби, но сите се прашуваат со кого замина на овој рајски остров (ФОТО)

Хрватската пејачка Северина денеска полни 49 години, а на својот Инстаграм профил откри какви посебни подароци добила денеска.

Првиот подарок секако е од синот Александар кој и подарил цртеж на својата мајка, додека другиот подарок е тоа што се најде на насловната страница на „Max Bunker“.

Станува збор за насловната страница од книгата за мафијата Luciana Scchia, познат под псевдонимот Max Bunker. Станува збор за сценарист, публицист, новинар, творец на светски познатите италијански стрипови од кои најпопуларен е Ален Форд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Книга е објавена токму на денот на роденденот на Северина, а таа откри и како дошла до нивната соработка потенцирајќи дека ова и е најдраг подарок за роденден.

Инаку Северина вчера сподели фотографија дека е на Малдивите во пресрет за нејзиниот роденден, но со кого е таму не открива се уште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Најнови вести