среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина го прослави 50-тиот роденден со огромна торта и луда забава: И пееја Бекута, Харис, Грашо и Матиќ (ФОТО)

Северина го прослави 50-тиот роденден со огромна торта и луда забава: И пееја Бекута, Харис, Грашо и Матиќ (ФОТО)

Пејачката вчера наполни 50 години, а по тој повод приреди голема прослава. Северина за оваа пригода облече долг тесен фустан во беж боја.

Таа доби голема торта во форма на катедрала, а цело време беше расположена за добра забава, што може да се види на снимките и фотографиите на социјалните мрежи.

Меѓу гостите на роденденот на Северина имаше многу познати личности, меѓу кои Саша Матиќ, Ана Бекута, Харис Џиновиќ, Санди Ценов, Петар Грашо и многу други.

Многу колеги го фатија микрофонот и оваа прослава ја заокружија со своите најголеми хитови.

На Инстаграм страната на продуцентот Драган Хамовиќ се појавија фотографии од јубилејниот роденден на пејачката.

Најнови вести