Хрватската ѕвезда Северина одржа концерт во Блато, место на Корчула, а на концертот ги одведе и другарите на нејзиниот син Александар.
Таа објави видео на Инстаграм како оди од врата на врата и ги убедува родителите на другарите на синот дека треба да ги пуштат децата на нејзиниот концерт, бидејќи Александар имал желба сите негови другари да дојдат и да ја гледаат мајка му додека пее.
„Мамо, можеш ли да ги убедиш родителите на моите пријатели да одиме од Врдник во Блато на твојот концерт?
Па, каква мајка би била, сине, ако не ти ја исполнам желбата…“, пишува Северина на Инстаграм.
Потоа пејачката со својот син оди од куќа на куќа и ги моли родителите да ги пуштат своите деца, погледнете:
View this post on Instagram