вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина по монструозното убиство во Градачац: „Научете ги ќерките да се тепаат, државата ја боли ….“

Северина по монструозното убиство во Градачац: „Научете ги ќерките да се тепаат, државата ја боли ….“

Хрватската пејачка Северина на социјалните мрежи објави фотографии од неколку написи од регионалните медиуми по грозоморното убиство во Градачац, а потоа и фотографија на која пишува: „Стоп за фемицидот“.

Како реакција на монструозниот чин Северина сподели и илустрација на српската уметница Валентина Талијан, која веќе некое време кружи на социјалните медиуми, а на која порачува:

„Научете ги ќерките да се тепаат, државата ја боли ….“

Младата Низама Хеќимовиќ во петокот беше претепана, а потоа убиена од својот партнер Нермин Сулејмановиќ, кој сето тоа го пренесуваше во живо на Инстаграм.

Најнови вести