Синоќа беше подготвена гала прослава во чест на раѓањето на малата Мања Шаулиќ, ќерка на Михајло и Марина Шаулиќ.
Наследникот на легендарниот Шабан Шаулиќ ги собра пријателите и роднините во ресторан во главниот град, каде атмосферата беше на завидно ниво.
Нивните пријатели споделија дел од атмосферата на социјалните мрежи, а можеше да се види дека Михајло беше “растргнат“ од гостите, како што налага традицијата на таткото да му се искине блузата.
Посебно емотивен беше моментот кога песната на Шабан беше пуштена во празничната сала, а тоа гордата мама Марина го сподели на својот Инстаграм.
Нема сомнеж дека Шабан би се гордеел со ваков настан и дека срцето би му било полно за раѓањето на малата Мања.