Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ не е со нас повеќе од три години, но публиката не го заборава.
Неговиот роден град Шабац ќе му подигне споменик на овој уметник, кој ќе биде откриен на 6-ти септември, за роденденот на Шабан.
Оваа информација ја откри градоначалникот на Шабац, Александар Пајиќ, на конференција организирана од Градското собрание, на која присуствуваа Гордана, Илда и Санела Шаулиќ, кумот на Шабан, бизнисменот Миленко Костиќ, како и академските скулптори Зоран Ивановиќ и Богдан Доброта кои ќе бидат задолжени за изработката на споменикот.
-Споменикот ќе биде на местото каде што беше автобуската станица, од каде Шабан со цел отиде во големиот град и го освои светот, рече сопругата Гордана, а нејзините зборови разбудија солзи кај Санела и Илда.
-Горда сум што татко ми ќе го добие признанието што го заслужува, од градот чие име го прослави. Знам дека и денеска би бил среќен, рече Илда Шаулиќ додека градоначалникот најави уште еден голем проект.
-Предвидени се и „Денови на Шабан“, кои ќе бидат културен настан кој ќе го негува споменот на делото што го остави овој голем уметник, но и ќе им даде можност на некои млади пејачи да го покажат својот талент, рече Пајиќ.
Споменикот ќе биде висок четири метри.