Синот на починатиот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ и неговата сопруга Марина на почетокот на 2023 година станаа родители на девојче на кое му го дадоа името Мања.
Сопругата на Михајло Шаулиќ на 10 јануари роди ќерка, а семејството Шаулиќ по тој повод организираше голема прослава која траеше до крајот на ноќта.
На прославата најсреќна била бабата Гоца Шаулиќ која открила дека се поминало баш како што сакал нејзиниот покоен сопруг.
-Сите сме полни со среќа, Мања ни е благослов. Сигурна сум дека денес Шабан би бил најсреќниот човек на светот, бидејќи отсекогаш сакал да го види Михајло исполнет во улогата на татко, изјавила вдовицата на пејачот.
За жал, Шабан не го дочека раѓањето на внуката, ниту венчавката на синот, што беше негова голема желба, а за наследниците на Михајло приготвил подарок за време додека бил жив.
Имено, Шабан на Гордана и оставил вреден семеен златник, кој го наменил за детето на Михајло, односно сега за малата Мања.
Инаку, името Мања е варијанта на името Марија, преземено од руското Мариa, кај нас Марија. Додека латинската форма на хебрејското име е „Миријам“. Како името на мајката на Исус, името има симбол на чиста и длабока љубов.
Значењето на самото име не е дефинитивно разјаснето. Според постарите толкувања, името потекнува од хебрејскиот „мир“ , горко и „јам“ = „море“, па значењето би било „горчина на морето“.
Според последните толкувања, се претпоставува дека името го добива своето значење од египетското „mry“ што значи „моја сакана“.